НЕКОЈ ТРОПА НА ВРАТАТА,
Никола Маџиров

Ти нема да му отвориш.
Некој тропа на вратата.
Ти нема да му отвориш.
Ги броиш ударите.
Некој тропа на вратата,
се обидува да го фати ритамот
на твоето срце.

 

Никола Маџиров

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија