Го имам твојот број на мобилен
трите твои и-мејл адреси
но, за жал, ги немам твоите брчки на челото
и глувчешката дупка за влез во твоите соништа.
Затоа, не се јавувам, не пишувам, не сонувам.
Се плашам од повратниот одговор.
Паметам дека во твојот молк неодамна
имаше правописни грешки.
Звонко Танески