НЕОЧЕКУВАНИ ДОАЃАЊА 1,
Драгана Евтимова

Има едно време што е постаро од мене.
Има едно време што е постаро од тебе.
Во него има:
нови почетоци и стари продолжетоци,
завршени внатрешни монолози
и зафрлени спомени.
Љубопитни погледи измешани со страв,
магливи градови со нејасна историја,
одрони од времето,
непреспиени ноќи по автопатите на светот,
длабоки тишини.
Само детството е невино сеќавање
со завршена приказна,
која има среќен крај.

 

Драгана Евтимова

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија