Имаш планови и бројни идеи
Една ќе биде сигурно добра
ќе те просветли
Мислиш за подобро утре,
ќе останеш или ќе бегаш
Патот е долг ама животот краток
Штом еднаш ќе тргнеш враќање нема
Ќе бидне ли еднаш моментот вечен
Стоиш на прагот во мислите сега
Погледот кон хоризонтот нема крај
Допри го воздухот што преде
Крајот е бескраен само тогаш,
кога се спознаеш себе
и ќе ја прифатиш иднината
Ама времето тече,
времето е сега…
Зоран Радичевски