Антологија Игропис

Антологијата  „Игропис“ е обид да се направи хибридна форма на книга, каде што сликата се обидува да се соедини со зборот. Овој вид на медиум – порака е начин да се направи вкрстена естетска вредност, еден вид на социјален експеримент, што претставува метафора за различни предмети со вкрстено значење, како на пример: визитки, бонови, покани за свадби, флаерчиња со рекламна содржина, лажни банкноти, свитоци за молитва, поштенски дописи, делови од сложувалка и слично.

Која беше целта за создавање на ваквиот тип на Антологија? Преку поезијата на различни автори целта е да се изрази и развие свеста за медиум-порака, односно да презентира лична приказна. Цртежите се минијатурни реконструкции на Владимир Лукаш да се направи вкрстена конструкција за соединување на порака. Овој социјален експеримент има за цел да експериментира со различните ракописи и да создаде свест за вкрстено читање на различни текстови преку цртеж. Авторите што се застапени во Антологија се од различна генерација. Целта е промовирање на поезијата, надвор од границите на обично, секојдневно читање поезија. Литературата е социолошки феномен и може да излезе надвор од границите на естетската вредност.

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија