ЛАРА МИХОВИЛОВИЌ, поетеса и преведувачка, Словенија

КАКВА Е ВРСКАТА МЕЃУ ПОЕЗИЈАТА И ПОЕТОТ?

Според мене поезијата е вид на бегство од реалноста, канал каде што можеш да кажеш сѐ, местото каде што емоциите и мислите имаат слободен пат да зборуваат сами за себе. Поетот е цврсто поврзан со поезијата, таа е како негово дете – креирана од него и со него расте. Слично е и со преведувачот и препевот, преведувачот секој препев може да го смета за свое дете облечено во нови алишта. 

 

ПОЕЗИЈАТА КАКО ВИД НА РАЗГОВОР СО СЕБЕСИ Е

….најинтимниот разговор, дури и поинтимен од оној со љубовникот, се работи за соочување со внатрешноста, со сите стравови, со емоциите, желбите, копнежите, соништата … 

 

КОЛКУ Е КРШЛИВ ЧОВЕКОТ ПРЕД ДОБРАТА ПОЕЗИЈА?

Добрата поезија – таа која остава впечатокот како што е убавата љубов, несвесно, тивко и неочекувано ти влегува во душата. Човекот во таков момент е емотивен и кршлив. Секоја добра поезија влијае врз нашите животи, размислувања, инспирации и понатамошни патеки. 

 

ДАЛИ ПОЕЗИЈА Е НЕКАКВА ФОРМА НА ЕКОЛОШКИ АКТИВИЗАМ ИЛИ МОЖЕБИ САМО НАЧИН НА ЖИВОТ?

И едно и друго, зависи од моментот. Еколошко или социјално ангажирана поезија е форма на активизам потребен за да се каже, предупреди, изрази став, нешто да се промени на подобро. Но, сметам дека сите што ја сакаме поезијата ја сметаме за начин на живот – стиховите доаѓаат во секакви моменти, на секакви места, не можеш да планираш кога ќе се инспирираш, едноставно ја живееш. 

 

КАКВО Е ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ ОПШТО ЗА ПОЕЗИЈАТА ДЕНЕС?

Мислам дека поезија полека пак станува повеќе популарна, бидејќи немам време за читање долги романи, ама за песна имаме. Таа станува форма за изразување, кратка, јасна, ефикасна. Може да се чита на секој агол од секодневието и се надевам дека ќе стане уште поатрактивна и попримамлива и за поетите и за читателите и за издавачите, кои сѐ уште бегаат од добра поезија. Или, поинаку кажано, од поезијата нема пари, но и од љубовта нема пари па сепак сите сакаме да САКАМЕ и да БИДЕМЕ САКАНИ!

Лара Миховиловиќ

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија