За Фуснота
.ФУСНОТА – Здружение за развој и едукација на културата и уметноста.
КУРСЕВИ ПО СЛОВЕНЕЧКИ ЈАЗИК – Курсевите по словенечки јазик се наменети за сите кои сакаат да живеат, да студираат, да работат или да основаат свои фирми во Република Словенија.
Часовите по словенечки јазик се интензивни и се одвиваат во групи, за сите што сакаат квалитет и успешност во совладување на словенечкиот јазик, како и за оние што сакаат да ги совладаат приемните успити при упис на фукултетите и да го продолжат своето образование во Република Словенија.
Индивидуални часови и часови наменети специјално само за медицински лица. Часовите се прилагодени за секој поединец индивидуално, според динамиката и потребата за изучување на словенечкиот јазик. Запознавање на културата и начинот на живот, а истовремено и надминување на јазичната бариера при преселувањето во Словенија.
Јазикот се изучува со лиценцирани материјали по Европска јазична рамна за сите степени со вежби за концвенрзација.
СУДСКИ ПРЕВОДИ, КНИЖЕВНИ ПРЕВОДИ, СИМУЛТАН И КОНСЕКУТИВЕН ПРЕВОД – Вршење на секаков тип на превод од словенечки на македонски јазик и обратно, од сите области стручно, професионално и одговорно.
КОНТАКТ:
Драгана Евтимова
ул. „Борис Трајковски“ 8/1-5, 1000 Скопје
отворено: понеделник-сабота 09:00-20:00
е-mаil:draganaevtimova@gmail.com
телефон: 078/313-984
ФУСНОТА – Здружение за развој и едукација на културата и уметноста се стреми да ја зајакне едукацијата на граѓаните за важноста на културата и уметноста, особено на младата популација, со цел подобрување на состојбите на културата и создавање на поквалитетен културен културен живот.
Главни активности се дефинирање на културните дејности, соработка со други исти или слични здруженија од земјата и странство. културна размена, иновативна организираност и перспективност, поттикнување на развојот на соработката меѓу градовите, зајакнување на меѓународната конкурентност и културен активизам.
Конструктивноста на ФУСНОТА е во организирањето настани и медиумската видливост на здружението преку активностите и настаните што ги извршува преку организирање на семинари за промовирање на културни иновации ориентирани кон подобрување на општествените вредности и промовирање на актуелниот иновативен процес на поединци. Печатење на книги и брошури во врска со дејноста на здружението и неговите активности.

