За Фуснота

ФУСНОТА – Здружение за развој и едукација на културата и уметноста се стреми да ја зајакне едукацијата на граѓаните за важноста на културата и уметноста, особено на младата популација, со цел подобрување на состојбите на културата и создавање на поквалитетен културен културен живот.

Главни активности се дефинирање на културните дејности, соработка со други исти или слични здруженија од земјата и странство. културна размена, иновативна организираност и перспективност, поттикнување на развојот на соработката меѓу градовите, зајакнување на меѓународната конкурентност и културен активизам.

Конструктивноста на ФУСНОТА е во организирањето настани и медиумската видливост на здружението преку активностите и настаните што ги извршува преку организирање на семинари за промовирање на културни иновации ориентирани кон подобрување на општествените вредности и промовирање на актуелниот иновативен процес на поединци. Печатење на книги и брошури во врска со дејноста на здружението и неговите активности.

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија